Европската ракометна федерација направи грешка при извлекувањето на двојката меѓу македонскиот ракометен тим и победникот од дуелот Украина и Словачка во баражот од третата фаза за пласман на Светското првенство во Германија 2027.
Според пропозициите се влече „топче“ од „шешир носители“, а потоа топче од „шешир неносители“ и двете се ставаат во сад и првото „топче“ е домаќин на првиот натпревар.
Тоа не се случи при првото извлекување.
Сепак во повтореното беше одлучено првиот натпревар на 13 или. 14 мај да се игра на теренот на противникот, а реваншот на 16-17.мај на домашен терен.






























