Познат е и вториот полуфинален пар на Австралија Опен во женска конкуренција. Еден ден претходно, Арина Сабаленка и Елина Свитолина се пласираа во полуфиналето, а во второто ќе игра Елена Рибакина и Џесика Пегула.
Елена Рибакина од Казахстан ја изненади втората носителка Ига Свјатек, совладувајќи ја со 7-5, 6-1 и обезбедувајќи место во следната фаза. Рибакина покажа моќна игра и ја искористи секоја шанса против фаворизираната полска тенисерка
Американката, Џесика Пегула ја совлада сонародничката Аманда Анисимова со 6-2, 7-6, покажувајќи стабилност и концентрација во клучните моменти. Пегула доминираше во првиот сет, а во вториот успеа да го добие тај-брејкот со 7-1 на поени.



































