По очајниот почеток на сезоната, кошаркарите на ЛА Клиперс во последно време бележат одлични резултати. Клиперс ги победија Јута Џез со 115-103 за нивната деветта победа на последните десет натпревари.
Каваи Ленард постигна 21 поен, за негов 25 последователен натпревар што го завршува со 20 и повеќе поени. Џејмс Харден додаде 16 поени и десет асистенции.
Во најинтересниот натпревар на вечерта, водечкиот тим на истокот Детроит го победи Денвер на гостински терен со 109:107. Нагетс имаа шанса да победат или барем продолжението, но Џамал Мареј не беше прецизен од линијата за слободни фрлања.
Бадијала Мареј со 24 поени беше најефикасрен на натпреварот кога Нагетс претрпеа пораз. Кај Детроит по 22 поени постигнаа Тобијас Харис (осум скока) и Кејд Канингем (11 асистенции).
НБА :
Денвер – Детроит 107:109
Оклахома Тандер – Њу Орлеанс 104:95
Филаделфија – Милвоки 139:122
Феникс – Бруклин 106:102
Њујорк – Сакраменто 103:87
Јута – Лос Анџелес Клиперс 103:115
Вашингтон – Портланд 115:111



































