Новак Ѓоковиќ е петтиот тенисер кој обезбеди пласман во четвртфиналето на Австралија Опен. Иако Ѓоковиќ, утре требаше да го игра осминафиналниот меч во Чехот, Јакуб Меншик, тоа нема да се случи.
Имемо, Меншник му го отвори патот на Ѓоковиќ за следната рунда, откако поради повреда Чехот го откажа настапот во осминафиналето.
„Откако направивме сè што е можно за да се обидеме да продолжиме понатаму, бев принуден да се повлечам од Австралија Опен поради повреда.
Иако сум многу разочаран, тоа што стигнав до четвртото коло тука за прв пат во мојата кариера е нешто што ќе го паметам долго време. Ја почувствував силната енергија од навивачите, а атмосферата во Мелбурн беше навистина исклучителна“, напиша Меншик.
Ѓоковиќ сега ќе го чека исходот од дуелот меѓу Тејлор Фриц и Лоренцо Мусети.



































