Зимската пауза завршува и Првата македонска кошаркарска лига се враќа со возбудливи натпревари од 12-тото коло.
Центарот на вниманието е во Струмица каде што во салата „Никола Карев“ ќе се соочат двете водечки екипи од групата „Б“, Струмица ФМП и Соколи 1933.
Дуелот е закажан за сабота од 17 часот, а победникот ќе има најголеми шанси да ја задржи позицијата која носи полесен пат кон Супер лигата. Двата тима имаат идентичен биланс од 8 победи и 2 порази, што ја зголемува драматиката и значењето на овој натпревар.
Во исто време, во салата „Илија Хаџи Николов“ во скопската населба Бутел, домашниот тим ќе го пречека Борец баскет.
Само една победа ги дели двете екипи, а гостите од Велес се во серија која ги донесе на ист број порази како водечките тимови. Победа за Бутел би значела останување во трката за врвот и потврда на место кое води во доигрувањето.
Во групата „А“ вниманието е насочено кон Охрид. Во салата „Билјанини извори“ , утре, гостува Мега баскет, тим кој заедно со Вардар ја дели првата позиција со ефект 8-2. Натпреварот носи голема неизвесност и може да ја промени сликата на табелата во оваа група.
Дерби натпреварите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 10 КОЛО
| „А“ ГРУПА сабота 16.00 ТЕТЕКС – ЦРН ДРИМ 20.00 ВОДНО САНС – МЛАДИНЕЦ недела 18.00 ОХРИД – МЕГА БАСКЕТ слободен Вардар ТАБЕЛА: Вардар 8-2 (победи-порази), Мега баскет 8-2, Охрид 6-4, Водно Санс 5-4, Црн Дрим 4-5… | „Б“ ГРУПА сабота 17.00 СТРУМИЦА ФМП – СОКОЛИ 17.00 БУТЕЛ – БОРЕЦ БАСКЕТ недела 14.00 СТРУМИЦА РОЛИНГ – СПОРТИСИМО слободен Овче Поле ТАБЕЛА: Струмица ФМП 8-2 (победи-порази), Соколи 8-2, Борец баскет 7-2, Бутел 6-3… |





































