Заврши паузата за екипите во кошаркарската Супер лига, освен за ТФТ и МЗТ Скопје Аеродром кои играа во АБА 2 конкуренцијата.
Овој викенд продолжува натпреварите во дуелите од 12.коло, прво од вториот дел на сезоната. Следуваат уште 11 „рунди“ пред формирањето на паровите за плејофот.
Со оглед на тоа дека СЦ „Кале“ е затворен и не употреблив, неколку екипи принудно ќе бараат нови домашни терени.
Дербито на колото ќе се игра во Битола, каде Пелистер ќе го пречека повеќекратниот шампион Работнички. Овој натпревар на програмата е во недела, за кога е закажан уште еден интересен дуел.
Дебитантот Маџари се враќа на „домашен терен’, па во салата „Наум Наумовски-Борче“ во Маџари, ќе го пречека шампионот МЗТ Скопје.
Првиот натпревар во 2026 ќе го одиграат Ангели и Феникс, а мечот е закажан денеска во салата „Независна Македонија“ во Скопје. Еден час подоцна во Кавадарци ќе играат Тиквеш и Гостивар со скор 2-9.
Колото ќе биде затворено на 26 јануари со дуелот меѓу лидерот на табелата ТФТ и гевгелиски Кожув натпреварот што ќе се игра во салата „Наум Наумовски-Борче“ во Маџари.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 12.КОЛО
САБОТА
17.00: Ангели – Феникс
18.00: Тиквеш – Гостивар
НЕДЕЛА
16.00: Маџари – МЗТ Скопје Аеродром
18.00: МКК Куманово – Чаир
19.00: Пелистер – Работнички (МРТ3)
ПОНЕДЕЛНИК
16.00: ТФТ – Кожув





































