Македонскиот репрезентатоивец Бојан Миовски го одигра најдобиот натпревар во дрестот на Глазгов Ренџерс. Штипјанецот оствато хет-трик во победата на својата екипа со 5-0 против Анан Атлетик во 1/16-финалето на Шкотскиот куп.

Македонскиот напаѓач ја отвори серијата уште во 12-тата минута, по мајсторска асистенција на Данило Переира, и веднаш најави дека ова ќе биде Миовски фантастилен натпревар.

Во 32-тата минута повторно ја затресе мрежата, а секој негов потег носеше енергија и самодоверба што ја разбуди публиката.

Кулминацијата дојде во 75-тата минута, кога со прецизен удар го комплетираше својот прв хет-трик во дресот на Ренџерс.