Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром со пораз ја почна 2026 година. Во натпревар од 6.коло, аеродромци го претрпеа третиот пораз.
Сино-белите пред домашната публика во Јане Сандански, се совладани од новосадска Војводина со 73-78 .
Летаргично одиграа македонските шампиони во првото полувреме, а по дваесет минути игра има и 16 поени негатива.
На стартот на третиот квартал мзт губеше и со најголеми минус 19 разлика. Сепак со серијата од 19-2, на почетокот на последната четвртина аеродромци го свртеа резултатот и поведоа 66-65. И наместо да продолжат во истрита избраниците на Васко Атанасов нецот повторно влегоа во проблеми. Гостите од Нови Сад за игра нешто поагресивно во одбраната и тоа е им донесе ефект па на крајот заслужено се радуваа т на четвртата победа.
Во следното, претпоследно коло, МЗТ ја пречекува екипата на Подгорица на 28 јануари, а претходно во домашното првенство ќе игра со Маџари.


































