Во позитивна и победничка атмосфера, македонската машка ракометна репрезентација ќе го чека стартот на Европскиот шампионат.

Македонските ракометари славеа убедлива победа во последната контрола пред почетокот на ЕУРО 2026. Тие вечерва во Хернинг го совладаа данскиот прволигаш Митјиланд со 36-27 против .

Првото полувреме донесе израмнета игра и минимална предност од 14-13 за Македонија на паузата. Во вториот дел избраниците на Кирил Лазаров поведоа со плус три и ја зголемуваа предноста до крајот. Конечниот резултат од девет гола разлика потврди одлична форма и дисциплина во напад и одбрана.

Така подготовките црвено-жолтоте ги комплетираа Бахреин, Украина и Митјиланд. Еденствениот пораз беше оној минималиот од Хрватска во Пореч, а на турнирот во Швајцарија против домаќинот одиграа нерешено.

Денешниот успех ја заокружи серијата подготовки со позитивен биланс и оптимизам пред големиот предизвик. Националниот тим на Европското првенство ќе се соочи со Данска, Португалија и Романија во групната фаза. Црвено-жолтите влегуваат мотивирани и подготвени за борба за висок пласман. Атмосферата во тимот е позитивна и победничка пред стартот на континенталниот собир.

Првиот натпревар против Данците ќе го играме во петок (16 јануари) од 20:30 часот.