Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ од денеска и официјално има нов клуб. Популарниот Нено, за прв пат во кариерата ќе игра во Германија и тоа во редовите на најголемиот клуб Баерн Минхен.
Трансферот од рускиот Зенит во Баер, денеска е официјализиран и потврден од страна на баварскиот тим.
„Баерн е голем и многу респектабилна организација, а кога тренерот Пешиќ ќе ве повика тоа е голема чест“, изјави Димитријевиќ.
Со овој трансфер, Нено повторно ќе игра во најквалитетната клупска европска конкуренција Евролигата. Баерн по половина од одиграните натпревари (19) е при самото дно на табелата со само 6 победни. Ќе помогне ли Нено во вториот дел од сезоната Баварците да стигнат до разигрувањето останува да видиме. Неговото дерби се очекува во среда кога во Минхен ќе гостува шпанската Басконија.





































