Календарската 2025-та година на домашната спортска сцена ја затворија кошаркарите и кошаркарките. Тие ги одиграа натпреварите од првата елиминациска фаза во Купот на Македонија, по кои познати се сите учесници на завршниот турнир.

Кај мажите. Осумте првопласирани екипи на табелата во 11-те одиграни кола во Супер лигата, обезбедија четвртфинале.

Во него првите четири тима директно се квалификуваа, а останатите четири тоа го сторија преку одигрување на осминафиналните натпревари.

Така во четвртфиналето во машка конкуренција ќе играат:
(1) ТФТ – ФЕНИКС
(2) МЗТ СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ
(3) КОЖУВ – МАЏАРИ
(4) ПЕЛИСТЕР – КУМАНОВО

Затоа пак кај дамите, две од четирите прворангирани екипи нема да играат во полуфиналето.

За тоа се погрижија кошаркарките на Бадел и МЗТ кои ги елиминираа Пробаскет и Вардар.

Во полуфиналето на женскиот сегмент од Купот на Македонија ќе играат: Крива Паланка – Бадел и
Баскет Кам – МЗТ Бела Вода.

Завршниот турнир според календарот е предвиден да се одржи од 13 до 15 февруари 2026, а домаќинот ќе биде дополнително одреден.

Следете нé на социјалните мрежи