На мак-баскето не му цветаат ружи оддамна. Тоа им е јасно на сите вљубеници на овој спорт во Македонија. Обременети со проблемите, кошаркарските работници денеска го поддржаа редовното годишно Собрание. На истото присуствуваа 39 од 45 членови со право на глас.
Најголемата болка во мак-баскето секако се парите.
Претседателот Главчев искрајно призна дека државата не ги гледа со убави очи кога во прашање се финансиите. Главчев информира дека во моментов се врши ревизија на финансиското работење на претходното раководство. Затоа, не беше прифатен финансискиот извештај за 2023 година кога на чело на федерацијата беше Перо Антиќ.
Под изговор ,,да им се помогне на клубовите” во иднина, децата кои не плаќаат чланарина својата ,слобода” ќе мора да ја пратат повеќекратно. Така за дете кое не плаќало чланарина во клубот и сака да премине во друг, обесштетувањето ќе биде двојно у поголемо. Наместо досегашните 12.000 односно 48.000 за репрезентативец, сега ќе се плаќаат 30.000 односно 60.000 по сезона.
Тренерите ,,заштитени како бели мечки”
Заштита добија и тренерите. Така доколку клубовите во иднина не ги испочитуваат финансиските обврски, тренерот може да побара, забрана за ангажирање на друг тренер, додека обврските не се исполнат. Циркузијадата да биде поголема подоцна во дебатата, беше нагласено, дека мора да се менува правилникот за ангажирање на странски тренери. Ова со образложение дека ,,македонските биле заштитени како бели мечки”.
И ова би било се фино, ако не беа заборавени, најважните, кошаркарите
Потпретседателот Младен Ѓуровски во еден момент истакна дека ,,Сѐ ќе се прави во интерес на кошарката”, а притоа заборавајќи дека едно време и тој беше играч.
Ниту раководството, ниту кошаркарските работници не се одважија истото да го направат за кошаркарите.
Така, и натаму ќе има клубови кои со години ќе должат, чесно заработени и онака мали плати на играчите. Ваква иницијатива спомена претставникот на ЖКК Бадел, Љупчо Павловски.
Но, наместо веднаш да се усвои ваквата негова забелешка, Генералниот секретар на КФМ, Томче Стојчевски, проба да ја извади ситуацијата. Тој се обиде ,,топката” да ја префрли кај Министерството за спорт, заборавајќи дека само неколку минути претходно, бесно и без никаква полемика беа заштитени клубовите и тренерите.
По ваквите и слични дискусии, не е ни чудно што останатите спортови одат напред, а на кошарката се повеќе се гледа со потсмев.




































