Навидум по урнекот на НБА лигата, денеска во мак-баскетот ќе се организира така-наречениот „Аll Sta“.
Имено во СЦ „Кале“ во Скопје, почнувајќи од 12 па се нададе до 20 часот ќе се одржат пет ревијални настани.
Програмата ќе ја отворат двата тима на играчи до 20 години. Натпреварите на домашни против странски кошаркари што играат во Македонија ќе полнат од 16 и од 18 часот. Во меѓувреме ќе се одржат натпреварите во забивање и шутирање тројки.
Иако од Кошаркарската федерација нема официјална најава, можно е, овој настан да биде искористен да бидат прогласени и најдобрите во мак-баскетот за 2025-та.
Од федерацијата ги поканија сите љубители на кошарката да присуствуваат на овој повеќе од осум часовен настан, а кој влезот ќе биде слободен, а велат дека ќе биде и забавен.
Сепак. Од КФМ заборавија да информираат, дали ќе има организирана и „рошталијада“, а за најупорните да следува награда, па макар таа била и во вид на „лач пакет“ замена за неделниот ручек.




































