Два натпревари денеска ќе се играат во 18.коло, во машката Супер лига. Ова е последната рунда од есенскиот дел на шампионатот, по која ќе следи речиси двомесечна пауза.
Екипите на Вардар и Алкалоид, два од четирите што претенденти за трофеите (првенство и куп), денеска ќе ги одиграат своите натпревари.
Лидерот на табелата Вардар гостува во Прилеп кај истоимената домашна екипа. Вардарци разбирливо ја имаат улогата на фаворити и ќе атакуваат на 17-тата победа сезонава (имаат само еден пораз). Прилепчани се во долниот дел од табелата со 8 победи и 9 порази. Овој натпревар ќе почне во терминот од 19.30 часот.
Претходно, од 18 часот, е закажан почетокот на натпреварот меѓу Пролет и Алкалоид. И на овој натпревар гостинската екипа важи за фаворит. Тимот од Автокоманда е делба на третото и четвртот место на табелата со Охрид. Бутел пак засега е шести со ист број бодови како и петто рангираниот Тиквеш.
По ова коло, веќе во вторник, селекторот Кирил Лазаров ќе ја направата прозивка на ракометарите кои се најдоа на неговиот список за ЕП 2026-та.
СУПЕР ЛИГА – 18 коло
Вторник
ПРИЛЕП – ВАРДАР
БУТЕЛ – АЛКАЛОИД
нема одредено термини
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕ -2 – ПРОЛЕТ
КУМАНОВО – СТРУГА
РАДОВИШ – ОХРИД





































