Во НБА лигата ноќеска се одиграа седум натпревари на кои годите беа поуспешни славејќи четири победи. Тројца играчи натпреварите ги завршија со идентични 39 постигнати поени.
Стеф Кари се врати во тимот на Голден Стејт но не им помогна на „Воините“ да избегнат пораз од Минесота со 120-127. Тој натпреварот го заврши како најефикасен играч со 39 поени. Прв стрелец во победничката екипа беше Џулиус Рендл имаше 27 поени и девет скока, а Руди Гоберт заврши со давл-дал со 24 поени и 14 скока.
Џоел Ембид постигна 39 поени, најмногу во сезоната, Пол Џорџ имаше 23, а Филаделфија ја победија Индијана со 115-105. ВЈ Еџкомб додаде 22 поени за „76ерс“, кои играа без Тајрис Макси (третиот најдобар стрелец во НБА (31,5 поени по натпревар).
Паскал Сиакам имаше 20 поени за актуелниот шампион на Источната конференција, Пејсерс, кои го претрпеа 19 пораз и се втората најслаба екипа на истокот по Вашингтон.
До бројката од 39 поени, најмногу во кариерата стигна и Кејонте Џорџ. Тој ги постигна и последните шест поени за Јута, во победата над Мемфис, на гости, со 130-126.
Лаури Марканен имаше 26 поени и девет скока, а Кевин Лав додаде 20, вклучувајќи 13 во третата четвртина. Џа Морант кој ги пропушти претходните 10 натпревари поради повреда, заврши со двоен ефект 21 поен и 10 асистенции. Сепак тоа не му помогна на Мемфис да го избегне 11 пораз.



































