Десеттото коло од машката кошаркарска Супер лигата што ќе се игра викендов, ќе мине во знакот на вечното дерби.
Екипата на Работнички ќе ја има улогата на домаќин во дуелот против МЗТ Скопје Аеродром.
По 169-ти пат, вечните ривали ќе треба да покажат кој е подобриот од нив. Засега, клубот од „Градски парк“, е подобар со 92 победи, а МЗТ Скопје има 76. Актуелниот шампион, МЗТ, имаше поголемо заостанување, но во последната деценија, евидетно, таа разлика е многу помала.
Гостите од Аеродром важат како големи фаворити, со оглед на тоа дека имаат далеку подобар статус на табелата (само еден, и тоа службен пораз во изминатите девет кола). За разлика од „црвено-белите“, кои не тргнаа добро, а потоа влегоа во серија на победи, но повторно застанаа. Сега Работнички има ,,скор” 5-4.
Но, кога се играат овие натпревари, префиксот на фаворит, и не е толку изразен. Затоа што во овие 40.минути пред „вечните“, можно е да не решава само оној „сув квалитет“, кој е на страната на гостинската екипа.
Дербито, Работнички – МЗТ Скопје, ќе се игра во СЦ „Кале“, задутре (недела) од 18 часот.




































