По одигрувањето на седмото коло, познати се и позициите на табелата на осумте екипи, учесници, во Првата лига.

Актуелниот „изглед“ на табелата вели дека три екипи се на делба на првата позиција. Крива Паланка, Баскет кам и Вардар имаат идентичен ефект (6 победи 1 пораз) по првиот круг од натпреварите. Но во оние меѓусебни натпревари според кои се прави моменталниот пласман, во предност се девојките од Крива Паланка.

Согласно со тоа, и претходно удавениот систем за натпреварување во Купот „Благоја Георгирвски-Буштур“ во женска конкуренција, формирани се и натпреварувачките двојки за првата, четвртфинална фаза.

Натпреварите ќе се играат на 27/28.декември, на теренот на подобро рангираните екипи.

КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ-БУШТУР“ 2026 – ЖЕНИ

Крива Паланка – Патриот
Баскет Кам – Спорт тим
Вардар – МЗТ Бела вода
Бадел 1862 – Пробаскет

Следете нé на социјалните мрежи