Ракометарките на Ѓорче Петров и Чаир славеа триумфи во дуелите со Астибо и Спартак
Во рамките на 11. коло од женската Супер лига, тимовите на Чаир и Ѓорче Петров забележаа сигурни победи и ја потврдија добрата форма.
Чаир доминираше против Спартак уште од првата минута. Домаќинките веднаш го наметнаа своето темпо, целосно контролирајќи го натпреварот и без поголем напор стигнаа до убедлива победа со 40:16.
Најефикасни од победничката екипа беа Фереира со девет и Мифтари осум, додека од Спартак Андоновска со шест погодоци.
На дуелот меѓу Ѓорче Петров и Астибо, почетокот донесе поизрамнета игра. Двете екипи се движеа резултатски рамноправно сè до 28. минута, кога Ѓорче со серија успеа да се одлепи на 18:14 и на полувреме замина со предност од 20:15. Во второто полувреме сликата не се промени – Ѓорче продолжи со сигурна игра и ја потврди висока победа со 42:27.
Најефикасна од екипата на Ѓорче беа Ѓорѓиевска со десет гола, додека од Астибо Анчева даде девет погодоци.
Ивона Кимовска





































