Лацио се пласира во четвртфиналето од Купот на Италија со победа над Милан од 1:0 на „Олимпико“.
Натпреварот беше тактички затворен, со малку шанси и голем фокус на дефанзивата, а долго време изгледаше дека пеналите ќе одлучат кој ќе продолжи понатаму.
Сепак, десет минути пред крајот, Матија Закањи ја искористи слабата концентрација на одбраната на Милан и со удар со глава го постигна единствениот гол на мечот.
Тимот на Маурисио Сари со оваа победа обезбеди место меѓу најдобрите осум и во четвртфиналето ќе се соочи со Болоња.





































