Македонија имаше успешен почеток на претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 година. Пред домашната публика избраниците на Марјан Илиевски славеа убедливо против Азербејџан. 

Селекторот имаше само пофални зборови за неговите пулени по натпреварот.

„Ова беше заслужена победа. Морам да ја пофалам тимската хемија и енергија која постои во овие три дена.

Никогаш ниту преценуваме, ниту потценуваме некого. Но мора да ги пофалам играчите дека за краток период функционираа одлично, и тоа што го покажаа на теренот и го покажува и семафорот, е заслужено.

Овој дуел со Азербејџан го забораваме и архивираме“, изјави Илиевски.

Веќе во недела македонските кошаркари ги лека гостувањето во Даблин проти  Ирска 

„Имаме патување за Ирска, и како и за секој меч е исто. Мора да направиме добар скаутинг и во краткиот период да ги рехабилитираме играчите кои имаат поголема минутажа и се повозрасни.

Мора да функционираме со енергија на високо ниво, а без разлика кој е на другата страна, мора да бидеме максимални“, вели макеоднскиот селектор. 

Следете нé на социјалните мрежи