Нов ден, нов натпревар, во Првата македонска фудбалска лига, а во рамките на 14-тото коло. Оваа рунда вчера ја отворија Македонија Ѓорче Петров и Силекс, дуел во кој гостите од Кратово ги освоија бодовите.
Денеска ќе се игра во Струмица каде кај АП Брера ќе гостува лидерот на табелата скопски Вардар.
Црвено-црните ја имаат улогата на фаворити во овој натпревар, но струмичани сезонава покажаа дека може да бидат незгоден противник. Во натпреварите со екипите кои се борат за трофејот, АП Брера има половичен ефект. Славеа на гостувањето кај Струга, одиграа нерешено со Силекс, а беа едвај поразени од шампионот Шкендија.
Игрите кои струмичани ги прикажаа против фаворитите, се опомена за вардарци, внимателно и концентрирано да влезат во денешниот натпревар. Дуелот ќе почне од 13 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
ПМФЛ – 14 КОЛО
Сабота
АП БРЕРА – ВАРДАР 13 часот
Недела
ТИКВЕШ – БАШКИМИ
АРСИМИ – ШКЕНДИЈА
понеделник
РАБОТНИЧКИ – СТРУГА Т.Л.
вторник
ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР
одиграно
МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 1-2




































