Кошаркарите на Феникс забележаа победа во дуелот со големиот фаворит Работнички.

Во воведниот натпревар од 8.коло на машкатра Супер лига, Феникс како гостин го совлада Работнички.

Иако повеќекратниот шампион имаше 14 поени предност на стартот на третиот квартал, Феникс со фантастична игра во последниот период стигна до триумф. Работнички во завршните 10 минути влезе со +9, но и тоа не им беше доволно да победат. Избраниците на Дервишевиќ го добија периодот со 1023, за на крајот да слават со 67-71.

За Феникс ова беше трета победа сезонава, а Работнички го претрпе четвртиот пораз.

Ова беше првиот од двата натпревари што се играат денеска во СЦ „Келе“. Вториот е дербито меѓу ТФТ и Куманово што ќе почне од 18 часот.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 8 КОЛО

сабота
РАБОТНИЧКИ – ФЕНИКС 67-71
ТФТ – КУМАНОВО 18.00 ч.
КОЖУВ – АНГЕЛИ 18.00 ч.
ЧАИР – МАЏАРИ 19.00 ч.
недела
ТИКВЕШ – МЗТ СКОПЈЕ А. 15.30 ч.
ГОСТИВАР – ПЕЛИСТЕР 19.00 ч.