Кошаркарите на ТФТ вечерва ги чека тешко гостувањето кај босанскиот Широки Бријег во 4.коло на АБА2 лигата.
Задачата нема да виде нималку лесна против тимот кој е во низа од седум победи. Тоа им е јасно на кошаркарите на ТФТ, но нивната цел останува победата.
„Нé очекува тешко гостување против квалитетната екипа на Широки во период исполнет со многу утакмици за нас .
Одлично ја отворивме сезоната во АБА-2 со две победи и еден пораз од еден разлика и нашите амбиции се јасни и сакаме висок пласман .
Во Широки дојдовме по победа но тоа зависи од нашата агресивност во напад и во одбрана кое сметам дека ќе го одлучи победникот“, изјави Ташовски.
Дуелот Широки Бријег – ТФТ ќе почне од 18 часот




































