Фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз во квалификациите за ЕУРО. Македонија загуби од Полска со 1 :0.

На стадионот Петар Милошевски во Битол видовме еден гол и еден црвен картон.

Стрелец на голот за победа на Полска беше Филип Коцаба во 33.та минута од натпреварот. Во 78.та Македонија остана со играч помалку бидејќи Андрија Димески заработи втор жолт картон.

Во групата Е од квалификациите за ЕУРО У-21 Македонија се наоѓа на 5.то место по 6 натпревари со 3 бода.