„Луда“ ноќ е зад нас во НБА лигата. На три од шесте натпревари победниците беа решени по продолжение.

Екипата на Хјустон славеше на домашен терен против Орландо со 117-113 откако регуларниот дел заври нерешено. Во регуларниот дел, на 1,2 секунди до крајот Турчинот, Шенѓун погоди за Хјустон за израмнување 102-102.

Тој заедно со Кевин Дурант ја предводеа својата екиоа до победа. Дурант натпреварот го заврши со 35 поени, а Шенѓун со двоен ефект со 30 поени , 12 скокови, на кои додаде и 8 асистенции.

Втората драма беше онаа во Солт Лејк Сити каде беа постигнат безмалку 300 поени.

Тимот на Јута го доби дуел0от со Чикаго со 150-147 по дополнителните пет минути. Финецот, Лаури Марканен одигра брилијантен натпревар постигнувајќи речиси ед4на третина од поените на Џезерите. Тој натпреварот го заврши со 47 поени, на кои додаде и 7 скока.

Слично мина и натпреварот во Далас каде Маверикс по продолжение го совладаа Портланд со 138-133. Таму пак први тројца стрелци на натпреварот беа кошаркарите на поразениот тим. Сарп реализира 36, Авдија 29, а Грант 26 поени, но тоа не им помогна на Блејзерси да го избегнат седмиот пораз сезонава.

На останатите натпревари три натпревари победи славеа гостинските екипи. Бриклин го победи Вашингтон со106-129, Голден Стејт беше подобар од Њу Орлеанс 106-129, а Атланта го совлада Феникс со 122-124.