Фудбалската репрезентација на Македонија е пред историски натпревар.

Македонските фудбалери попладнево отпатува за Кардиф, каде во вторник против Велс, ќе се борат за место преку кое ќе бркаат настап на Светското првенство следната година.

Во последна рунда Белгија влегува како прва со 15 бодови, само два повеќе од Македонија на второто и Велс на третото место.

Теоретски, Македонија може да биде и прва. Но реално, Белгијците не би требало да имаат проблем во последното коло. Тие на домашен терен го пречекуваат Лихтенштајн, кој ги загуби сите досегани натпревари.

Така дуелот во Кардиф, меѓу Велс и Македонија би решавал за второто место и пласман во разликувањето, односно баражот за Мундијалот. Втората позиција носи и дополнителна привилегија во ждрепката за баражот.

На македонските фудбалери доволно ќе им биде да одиграат и нерешено, за да завршат пред Велшаните.