Македонскиот првак Шкендија се изнамачи да стигне до трите бода во дуелот со фенерџијата Шкупи. Во заостанат натпревар од 12 коло на Првата лига тетовци како гости славеа победа со 1-2 и тоа со пресврт.
Откако првиот дел заврши без погодоци во вториот беа постигнати трите гол. Шкупи поведе во 57-та минута со голот на Рибеиро. Шкендија пресвртот го направи во само осум минути. Во 72-та Фетаи го израмни на 1-1, а веќе во осумдесетата Љатифи донесе победа со 1-2.
Со новите бодови а вкупно 30, Шкендија останува трета на табелата, со три бода помалку од лидерот Вардар и два од второ рангираната Струга ТЛ.




































