Во првиот натпревар од новиот циклус на квалификации за пласман на Евробаскетот во 2027 година, женската сениорска репрезентација на Македонија славеше минимална над Данска со 79:78.
Изедначено прво полувреме одиграа Македонија и Данска во премиерниот меч од групата „Ф“ .
Нашите девојки имаа почетна предност, во 9.минута од натпреварот, водеа со пет поени разлика (18:13), но им дозволија на гостинките од Данска со серија од (8-0) да го преземат водство, на истекот на првата четвртина имаа (21:18). Во воедните де минути од втората, нивната позтива изнесуваше и највисоки девет поени (29:20). Но Македонија ја имаше расположената Хемпе, која во тој дел од играта делуваше незапирливо. По нејзиниот 16.поен, намаливме на (29:33). Илина Селцова, како наш втор адут ви со нејзината серија, во последната минута од првото полувреме, Македонија одново водеше, со (39:37). Но во тие последни секунди не успеавме да се одбраниме, па Данска понесе минимални (40:39), на патот кон соблекувалните.
Хемпе и Селцова искомбинираа 28 од нашите 29 поени во тие 20.минути во кои, интересно, капитенот Митрашиновиќ беше без поени, но имаше шест успешни додавања. Имавме проблеми со реализацијата на слободните фрлања (само 40%), а гостинките од Данска беа подобри во скокот (имаа седум повеќе). Без промени, и во играта, а и низ резултатот се играше и во продолжението. Двете репрезентации се менуваа во водството, но ниту една не направи некоја посериозна предност. Нашата селекција имаше плус од три поени (51:48), по поентирањето на Стојановска (нејзин 10.поен), момент од 25.минута, но не и нешто повеќе од тоа.
Имавме постојано водство и во последниот период. Највисокото на три минути пред крајот, кога капитенто Митрашиновиќ постави на семафорот скор (74:68). Нешто потоа имавме и (76:70). Но Данска се доближи на (76:77), кога до крајот останаа да се доиграат 68.секунди. Преминаа во драматични, при резултат (79:78) Данска имаше 12.секунди да дојде до победата. Но се одбранивме, топката остана во игра, кога судиите досудија „мртва“, на 0.2 секунди до крајот, недоволно за гостите да имаат нова шанса.
За три дена исто така во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, нашата женска сениорска репрезентација ќе го одигра и вториот меч од „Ф“ квалификациската група. Противник ќе ни биде репрезентацијата на Грција, во натпревар кој ќе стартува од 18.часот.































