Прволигашката фудбалска конкуренција денеска носно два нови натпревари од 13-тото коло.
Во Скопје на арената „Тодор Проевски“ фудбалерите на Вардар ќе го пречекаат кавадаречки Тиквеш.
Вардарци ја имаат улогата на фаворити во овој дуел против деветто пласираната екипата на табелата. Кавадарчани „окуражени“ од триумфот над Работнички во претходната рунда, гајат надеж дека и денеска може да освојат важен бод, можеби три, против единствената не поразена екипа досега во првенството. Вардарци пак со триумф повторно би се вратиле на врвот на табелата, каде сега е Струга ТЛ со два бода повеќе.
Натпреварот што ќе почне од 13 часот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
Истовремено во Битола, составот на Пелистер ќе ја пречека струмичка Брера.
Пелистерци не знаат за првенствена победа уште од стартот на сезоната, односно август месец. Тогаш по поразот од Вардар во воведното коло, следуваа триумфите над Брера и Шкупи. Можеби и сега зелено-белите ќе врзат две победи, откако во претходната рунда беа совладани од вардарци. Од друга страна стримичка Брера влегува во низа на добри резултати. На последните осим натпревари Брера има четири порази, а загуби само од шампионот Шкендија. Во претходната рунда струмичани одиграа одлиен натпревар против Силекс и освоија бод (3-3).
ПРВА ЛИГА – 13 КОЛО
Недела
ВАРДАР – ТИКВЕШ 13 часот
ПЕЛИСТЕР – АП БРЕРА
понеделник
СИЛЕКС – ШКУПИ
ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП
одиграно
СТРУГА Т.Л. – АРСИМИ 4-0
БАШКИМИ – РАБОТНИЧКИ 2-1




































