Ракометарите на Вардар го добија дерби дуелот од 11.коло во Супер лигата, совладувајќи го Алкалоид. На натпреварот одигран вечерва во СЦ „Јане Сандански“, Вардар беше подобар од Алкалоид со 34-28 .
Гол за гол се играше се до седмата минута кога гостите од Автокоманда имаа предност од 4-5. Во наредните скоро седум минути избраниците на Лазаров не постигнаа ниту еден погодок, а Вардар имаше две шанси за +3, но не ги реализира. И наместо вардарци да заминат на три гола позитива, во финишот на првиот дел Алкалоид го сврте резултатот во своја полза. На 90 секунди до крајот Алкалоид поведе со 15-16. Сепак на полувреме се замина со нерешен резултат 17-17.
И во второто полувреме натпреварот продолжи во ист ритам, сe играше гол за гол се играше до 38-та минута. Иако вардарци имаа 2 минути играш помалку на теренот, сепак тоа Алкалоид не го искористи, па црвено-црните поведоа со два разлика (23-21). Не се даваа гостите од Автокоманда и успеваат да ја одржат негативата меѓу гол и два. Но, конечно во 46-тата минута, црвено-црните за првпат дојдоа до три гола позитива 27-24, а во 50-та веќе и пет разлика (30-25). Немаше решение Лазаров и неговите избраници, па на крајот вардарци славеа со шест разлика 34-28.
Дмитро Хориха со 9 голови беше прв стрелец во победничката екипа на Вардар, за која маус и Боно постигна по пет. На голот на вардарци во вториот дел исклучително расположен беше Васил Гогов кој мечот го заврши со 11 одбрани (8 во второто полувреме). Во поразениот тим а Алкалоид, најефикасен беше Мартин Серафимов со 9 голови.
Вардар е убедливо прв на табелата со 22 бодови, пред Еурофарм Пелистер со 19 и Алкалоид кој остана на 18.





































