Македонскиот ракометен шампион во женска конкуренција, Ѓорче Петров денеска ќе го игра реванш натпреварот од 3.коло на ЕХФ Европскиот куп.
„Лавиците“ од Ѓорче ќе имаат тешка задача во дуелот со шпанската екипа на Елче. Тие ќе треба да надополнат три гола негатива од првиот меч, кој се одигра вчера, а кој го загубија со 16-19. Избраничките на Симе Симевски на вчерашниот меч беа рамноправни се до три минути пред крајот кога противникот ја направи разликата. Затоа денеска ѓорчепетоивки ќе мораа да одиграат максимално во текот на целиот меч, доколку сакаат да ја надополнат негативата.
Денешниот дуел меѓу Ѓорче Петров и Елче што ќе се игра во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ќе почне од 12 часот.
Потсетување дека во оваа фаза на Европскиот куп, настапува и тимот на Металург Автокоманда. Македонскиот вицепрвак вчера на гостувањето во Сплит одигра 24-24, па е во добар позиција пред реваншот во Скопје, закажан за 16 ноември.
Ивона Кимовска





































