Домаќините беа поуспешни на двата натпревари од 13. коло во Првата лига. Струга ТЛ и Башкими славеа победи на свој терен.
Струга ТЛ се врати на врвот на табелата, откако лесно и и уелдиво го совлада Арсими со 4-0.
Во раната фаза беше поништен гол со ВАР, но тоа не ги поколеба стружани. Радески го отвори резултатот до крајот на првото полувреме. Во вториот дел капитенот Шабани постигна два гола. Конечните 4-0 ги постави Малески во 88-та минута.
Работнички продолжи со лошата серија. Тимот загуби на гостувањето кај Башкими со 2-1.
Домаќините доминираа од самиот старт. Јахја и Аворнијо донесоа водство од 2-0. Единствено што успеа Работнички беше почесниот гол на Хоџа во финишот.
ПРВА ЛИГА – 13 КОЛО
сабота
СТРУГА Т.Л. – АРСИМИ 4-0
БАШКИМИ – РАБОТНИЧКИ 2-1
недела
ВАРДАР – ТИКВЕШ 13 часот
ПЕЛИСТЕР – АП БРЕРА
понеделник
СИЛЕКС – ШКУПИ
ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП




































