Обврските на ракометарките на Ѓорче Петров и Металург Автокоманда на европската сцена е причината поради која натпреварите ракометниот викенд ќе биде продолжен.
Во рамки од осмата рунда од женските ракометни Супер и Прва лига, викендов сепак ќе се одиграат неколку интересни натпревари.
Во Супер лигата, во сабота од 16:00 часот во салата „7 Март“, Чаир ќе го пречека Пелистер 2012, додека во недела од 18:00 часот во салата „Круме Кепески“ ќе се одигра дуелот меѓу Спартак и Астибо. Натпреварот меѓу Вардар и Металург ќе се одигра дополнително, во вторник од 18:00 часот во „Круме Кепески“. Средбата Куманово – Ѓорче Петров ќе биде закажана исто наредната недела поради обврските на Ѓорче во европските купови.
Во Првата лига, во сабота од 13:30 часот во Прилеп, Деспина ќе го пречека Шампион, а во 19:00 часот Ѓорче Петров ќе се соочи со Овче Поле во ,,Христо Татарчев”. Во недела од 15:00 часот во Струга, Јехона ќе гостува кај Стружанка, додека Атлетик е слободен во ова коло.
Ивона Кимовска





































