Помалку невообичаено, денеска во Кавадарци, Скопје и Гостивар, ќе се одиграат три кошаркарски натпревари. Имено, од денеска до недела, во машката Супер лига на програмата се дуелите од шестото коло.
Во терминот од 17 часот во Кавадарци тимот на Тиквеш ќе го причека скопски Феникс. Истовремено во СЦ „Кале“, непоразениот досега ТФТ ќе биде домаќин на Ангели. Еден час подоцна (од 18) во Гостивар кај истоимената екипа ќе гостува Куманово.
Дербито на оваа рунда ќе се игра во сабота и тоа во Битола каде кај Пелистер ќе гостува шампионот МЗТ Скопје Аеродром. Овој натпревар ќе стартува од 20 часот, а претходно од 15, ќе играат Работнички и Чаир. Колото ќе биде заокружено во недела со дуелот во Гевгелија каде Кожув ќе го пречека новајлијата Маџари.
СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 6 КОЛО
петок
ТИКВЕШ – ФЕНИКС 17.00 ч.
ТФТ – АНГЕЛИ 17.00 ч.
ГОСТИВАР – КУМАНОВО 18.00 ч.
сабота
РАБОТНИЧКИ – ЧАИР 15.00 ч.
ПЕЛИСТЕР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 20.00 ч.
недела
КОЖУВ – МАЏАРИ 20.30 ч.




































