Битолски Пелистер го претрпе и третиот пораз во Европскиот куп на ФИБА. Пелистерци во натпревар од 4.коло, одигран вечерва во Битола, а во рамките на Д групата се поразени од загрепска Цедевита јуниор со 21 поен разлика.

Хрватскиот претставник уште во првиот квартал најави зошто е топ фаворит во групата. Цедевита по воведните 10 минути имаше двоцифрена предност од 10 поени 17-27. Во вториот квартал гостинскиот состав стигнаа и до највисоки 18 поени предности, а на полувремето замина со 15+ (34-49).

За не цели шест минути игра во третата четвртина, Пелистер успеа да ја надополни негативата и да дојде до израмнување (56-56). Сепак, избраниците на Борче Даскаловски немаа сили за комплетен пресврт. Цедевита рутински го одработи продолжението од натпреварот, за на крајот да слави со конечен резултат 74-95.

Најефикасен играч има екипата на Пелистер беше Американецот, Дејвис со 21 постигнати поени, а неговиот сонародник Вилсон реализира 16.

Следен противник на Пелистер ќе биде словачката екипа на Превидза која денеска беше подобра од кипарскиот Керавнос. Натпреварот во Словачка ќе се игра на 13 ноември.

Тимот над Цедевита со максимални четири победи е лидер на табелата, додека Превидза има скоро 2-2, а Пелистер и Керавнос по една победа и три порази.

Следете нé на социјалните мрежи