Дербито на 12.коло во Првата македонска лига го добија фудбалерите на Вардар кои славеа над Пелистер.
Вардарци потешко од очекуваното, успеаја да ја оправдаа улогата на фаворит на гостувањето во Битола и го совладаа Пелистер со 1-2.
Уште од самиот почеток црвено-црните од Скопје ја презедоа контролата на играта и постојано напаѓаат кон голот на домаќините. Воведните десетина минути вардарци се заканија преку Матиќ и Бабунски, но без ефект. И во продолжението е иста слика. Вардарци беа оние кои повеќе го имаа поседот на топката, но сите нивни напади беа јалови. На полувреме се замена со почетниот резултат 0-0.
Во ист стил започна и вториот дел.
Вардар продолжи со иницијативата, а конечно среќата им се насмевна на црвено-црните во 53-тата минута. Роџерс Мато со прекрасен гол од 20-тина метри за водство на скопјани од 0-1. Но радоста на вардарци и „Комити“ не траеше долго. Само седум минути подоцна (60), по ударот на Спировски, на вистинското место се најде Петар Петковски и израмни на 1-1. Црвено-црните тоа не ги поколеба и продолжија со иницијативата. Во 80.минута по брзата акција во шеснаесетникот беше на Пелистер беше соборен Данев, a судијата Грујоски веднаш покажа на белата точка, Сигурен реализатор на пеналот беше Матиќ за 1-2 и победа на Вардар
Со новите бодови и вкупно 30, Вардар се врати на првото место на табелата со бод повеќе од Струга ТЛ, а шест од Шкендија, која допрва треба да го игра натпреварот од 12 коло со Шкупи. Тој натпревар ќе се игра на 15-ти ноември поради обврските на актуелниот шампион на европската сцена.




































