Неколку интересни натпревари се одиграа ноќеска во НБА лига, а по нив шампионот Оклахома го продолжи максималниот ефект.
Бранителот на титулата ја забележа осмата победа, на гостински терен кај Лос Анџелес совладувајќи ги Клиперс со 107:126.
Шаи Гилгиус-Александар со 30 поени и 12 асистенции беше најефикасен за Тандер, Исаија Џо му се придружи со 22 поени, додека Кејсон Волас и Арон Вигинс додадоа по 12 поени. Најдобар стрелец кај Клиперси беше Џејмс Харден со 25 поени, шест скока и шест асистенции.
Ова е најдобриот почеток во историјата на Оклахома Сити Тандер. Последниот пат кога оваа франшиза ја отвори сезоната со 8-0, тимот играше во Сиетл под името Суперсоникс.
Во Сан Франциско, тимот на Голден Стејт во интересен натпревар го победи Феникс со 118:107.
Девин Букетр кој постигна 38 поение беше немоќен сам да им се спротивстави на домаќините. Тој речиси и да не доби поддршка од соиграчите, па „Сонцата“ го впишаа петтиот пораз. Кај победникот Стеф Кари беше најефикасен со 28 пени.
РЕЗУЛТАТИ:
Торонто – Милвоки 128:100
Атланта – Орландо 127:112
Чикаго – Филаделфија 113:111
Њу Орлеанс – Шарлот 116:112
Голден Стејт Вориорс – Феникс Санс 118:107
Лос Анџелес Клиперс – Оклахома Сити 107:126



































