Во машката ракометна Супер лига вечерва беа одиграни два натпревари од десеттото коло. Фаворитите за највисок пласман Еурофарм Пелистер и Охрид славеа очекувани победи.
Aктуелниот шампион битолски Еурофарм Пелистер во локалното „пелагониско дерби“ го совлада Прилеп на гости убедливо со 40-25.
Составот на Охрид пак на гостувањето во Скопје, беше подобар од Бутел со 25-19.
Но, ова не донесе промени што се однесува до врвот на табелата. Таму на првата позиција останува Вардар со 20 бодови, два повеќе од Алкалоид, тимови кој вчера исто така славеа очекувани победи. Битолски Еурофарм Пелистер е трет со 17, а Охрид кој е на четвртата позиција сега има 15 бода.





































