Уште една интересна вечер понуди НБА лигата, во кој Лука Дончиќ повторно беше брилијантен, а шампионот Оклахома е единствената непоразена екипа.

Словенецот, Дончиќ ги предводеше Лејкерси во победата над Мајами со 130-120. Лука натпреварот го заврши со троен ефект со  29 поени, 11 скока и десет асистенции.

Ова беше 83-ти трипл-дабл за Дончиќ во неговата кариера, во последните четири натпревари. Тој постигна 165 поени, што е најмногу во НБА од Вилт Чемберлен во сезоната 1962/1963.

Шампионот Оклахома Сити Тандер славеше над Њу Орлеанс со 137-106 во дуел на досега не поразените екипи. Оклахома сега е единствениот тим во лигата со 100% учинок и првиот по Рокетс во сезоната 1993-1995 што ја започнал сезоната со седум последователни победи.

Ова и откако Сан Антонио Спарс го забележаа и првиот пораз во сезоната, по пет последователни победи.Феникс Санс им застанаа на патот на Спарси совладувајќи ги со 130-118.

РЕЗУЛТАТИ

Оклахома Сити Тандер – Њу Орлеанс Пеликанс 137:106
Бруклин Нетс – Филаделфија Севентисиксерс 105:129
Шарлот Хорнетс – Јута Џез 126:103
Кливленд Кавалирс – Атланта Хокс 117:109
Торонто Репторс – Мемфис Гризлис 117:104
Њујорк Никс – Чикаго Булс 128:116
Финикс Санс – Сан Антонио Спарс 130:118
Лос Анџелес Лејкерс – Мајами Хит 130:120