Управниот одбор на Македонскиот Олимписки комитет ја одржа својата редовна седница на која едногласно беа донесени низа клучни одлуки за успешното работење и идниот развој на олимпизмот.
Меѓу останатите одлуки, УО едногласно ги усвои и предлозите за новите Олимписки стипендии за ОИ Лос Анџелес 2028. Одобрени беа 9 стипендии, со вкупен месечен износ од 9.000 американски долари, кои ќе се исплаќаат директно на спортистите. По завршувањето на седницата, беа и свечено потпишани договорите со стипендистите.
Стипендисти за ОИ Лос Анџелес 2028 се:
Дејан Георгиевски (1.600 УСД) – Таеквондо
Мила Рељиќ (1.600 УСД) – Таеквондо
Дарио Ивановски (1.200 УСД) – Атлетика
Ангел Петрушев (1.200 УСД) – Кајак
Анастасија Мојсовска (800 УСД) – Спортско стрелаштво
Магомедгаџи Нуров (800 УСД) – Борење
Владимир Егоров (800 УСД) – Борење
Душица Бреслиева (600 УСД) – Таеквондо
Никола Ѓуретановиќ (400 УСД) – Пливање





































