Кошаркарите на Работнички ја впишаа третата победа во новата сезона на Супер лигата. Во натпреварот од 5.коло одигран вечерва во СЦ „Кале“ тимот на Работнички го декласира Гостивар со со 75-50.

Уште по првиот период се навестуваше плодникот (25-18). Работнички на полувреме имаше и двоцифрена предност (+11), која по третиот квартал ја зголеми на +20. Само формалност беше последниот период, па Работнички ја впиша третата победа, а Гостивар четвртиот пораз.

Четворица кошаркари од почетната петорка на Работнички имаа двоцифрен број на поени. Американците, Онил и Томсон постигнаа 20 односно 18, а нивниот сонародник Хутсон заврши со 10, Виктор Ефремивски беше стрелец на 16 поени,

Во првиот денешен натпревар МЗТ беше подобар од Куманово, а вечерва се игра и натпреварот меѓу Чаир и Кожув, дуел кој е во тек.

Останатите три од ова коло на програмата се утре, а сите ќе се играат во Скопје.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 5 КОЛО

Сабота
РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР 75-50
МЗТ СКОПЈЕ А. – КУМАНОВО 73-60
ЧАИР – КОЖУВ во тек
Недела
АНГЕЛИ – ПЕЛИСТЕР 14.30 ч.
МАЏАРИ – ТИКВЕШ 19.00
ФЕНИКС – ТФТ 20.00