Машката кошаркарска Супер лига викендов ги носи дуелите од петтото коло. По три натпревари ќе се одиграат денеска и утре и тоа сите во Скопје.
Програмата ја отвораат шампионат МЗТ Скопје Аеродром и досега не поразениот Куманово. Аеродромци кои службено останаа без бодови од натпреварот со Ангели, немаат друга опција освен победа, за да го одржат чекорот со водечкото трио зад кое заостануваат два бода. Избраниците на Марин Докузовски ќе бидат пред голем „испит“ ја го продолжат победничкиот низ.
Натпреварот во „Јане Сандански“ ќе почне од 18 часот, термин во кој ќе се игра и дуелот во СЦ „Кале“ меѓу Работички и Гостивар. Еден час подоцна (19) ќе почне и третиот денешен дуел во кој Чаир е домаќин на Кожув.
За утре закажани се дуелите:
КОШАРКА – СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 5 КОЛО
Сабота
МЗТ СКОПЈЕ А. – КУМАНОВО 18.00
РАБОТНИЧКИ – ГОСТИВАР 18.00
ЧАИР – КОЖУВ 19.00
Недела
АНГЕЛИ – ПЕЛИСТЕР 14.30
МАЏАРИ – ТИКВЕШ 19.00
ФЕНИКС – ТФТ 20.00 ч.




































