Најдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија е поразена од Јапонија во вториот контролен натпревар, а во рамките на ЕХФ неделата. Откако пред два дена во Скопје, зад затворени врати, Македонија славеше со 29:27, денеска пред кумановската публика загуби со 31-32.

Интересно прво полувреме одиграа двете репрезентации. По почетното водство на напите ракометари, Јапонците ја забрзаа играта и во неколку наврати имаа два гола предност, а потоа и три (10-13). По тајмаутот на Лазаров, македонските ракометари со серија до шест гола го свртеа резултатот во своја полза за водство од 16-13. На полувремето, црвено-жолтите заминаа со гол позитива 19-17.

Во првите десетина минути од вториот дел, се играше гол за гол. Гостите од Јапонија дополнително ја забрзаа играта, а цврсти беа и во одбраната. Тоа им донесе резултат и во 51-вата минута дојдоа до три гола предност 25-28. Сепак црвено-жочлтоите со серија од трти гола на пет минути до крајот го израмни резултатот 28-28. Нерешено беше се до 30-30 кога Јапонците врзаа два гола во низа за водство 30-32. Имаше напад нашата селекција возврати за дојде до израмнување, но не успеа, па гостите се радуваа на победата.

Пријателските дуели со Јапонците се дел од подготовки за настап на Европското првенство што ќе се одржи во јануари следната година. Селекторот Лазаров преку овие натпревари се стреми да го изгради најдобриот можен состав за континенталниот собир.

Следете нé на социјалните мрежи