Најдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија, попладнево во Куманово ќе против Јапонија.

Во рамките на ЕХФ неделата, двете селекции втор пат ќе се „судрат“ меѓусебно. Откако пред два дена во Скопје одиграа зад затворени врати, сега дуелот ќе се игра пред кумановската публика.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров го добија првиот дуел во Автокоманда со 29:27.

Пријателските дуели со Јапонците се дел од подготовки за настап на Европското првенство што ќе се одржи во јануари следната година. Селекторот Лазаров преку овие натпревари се стреми да го изгради најдобриот можен состав за континенталниот собир.

Оние кои нема да можат да бидат во кумановската сала, денешниот дуел што ќе се почне во 16 часот ќе може да го гледаат низ тв пренос на МРТ3.

Следете нé на социјалните мрежи