Кадетската машка селекција на Македонија за ракометари до 18 години е поразена од Грција во квалификациите за Европскиот шампионат во Србија 2026-та.

Младите македонски ракометари во вториот меч од Д квалификациската група, чии натпревари се играат во Луксембург, загубија од нашиот јужен сосед со 31-32.

Откако вчера славеа над Финците, денеска македонските кадети против Грците можеа да го потврдат пласманот на европскиот шампионат. Сепак, тоа не се случи па утре ќе мора да го совладаат аутсајдерот и домаќин на овој турнир Луксембург.

Што се однесува до денешниот дуел. Македонија имаше предност се до 55.минута. Го добија првиот дел македонските ракометари со 19-18, а во вториот односно 41.минута имаа и најголеми +4 (24-20). Последното водство Македонија го имаше во 54.минута (29-28), и тика „возот тргна низ брдо“. До крајот на мечот нашите ракометари постигнаа два, а примија четири гола па противникот беше оној што се радуваше на победата.

Така утре избраниците на селекторот Горан Кузманоски ќе мора да го совладаа Луксембург кој и денеска е аутсајдер против Финска. Утрешниот меч Македонија – Луксембург ќе се игра во терминот од 15.30 часот.

Следете нé на социјалните мрежи