Во рамки на седмото коло на двете женски ракометни конкуренции, викендов не очекуваат пет натпревари.
Попладнево во салата „Автокоманда“, Металург и Чаир ќе го одиграат дербито на колото. Натпреварот привлекува големо внимание бидејќи двете екипи се во врвот на табелата и ќе се борат за важни бодови.
Дерби дуелот што ќе почне во 15 часот, може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
Покрај дербито, во сабота ќе се одиграат уште три натпревари. Во 12:00 часот во Куманово ќе играат Куманово и Пелистер 2012, додека во 13:00 часот во „Круме Кепески“ ќе се сретнат Ѓорче Петров и Спартак.
Од женската Прва лига, во 18:00 часот во „Јане Сандански“, е закажан натпреварот помеѓу Атлетик и Овче Поле.
Во недела, во салата „Христо Батанџиев“, Ѓорче Петров МРК ќе ја пречека Јехона, со што ќе биде заокружено ова коло во женската лига.
Претходно се одиграа два натпревари. Во суперлигашката конкуренција, Вардарки на домашен терен го совладаа на Астибо со 28:26, а Стружанка го лесно стига до победа над Шампион со 44:8 во Првата лига.
Ивона Кимовска




























