Актуелниот шампонот тетовска Шкендија се врати на победите во Првата лига. По двата дуели во кои не се израдуваа, тетовци тоа денеска го сторија во Струмица.
Во претпоследниот натпревар од 11.коло, Шкендија ја победи Брера со 3-2.
Уште во првиот дел гостите го најавија триумфот. Шкендија на полувреме имаше предност од 0-2 со головите на Адеми (12.минута) и Крстевски (26).
Во вториот дел беа постигнати уште три гола. Домаќините намалија на 1-2 преку Ндзенгуе (54) кој беше двоен стрелец за струмичани. Само шест минути подоцна (60) Красниќи повторо ја врати предноста на Шкендија на два гола (1-3). Фудбалерот од Габон, Ндзенгуе во 63.минута не реализира пенал, но во 70-тата намали на 2-3. До крајот на мечот немаше промена, па тетовци ги освоија трите бода.
Сега Шкендија е трета на табелата со 24 бода колку што има Вардар, а зад Струга (26) и пред Силекс со 21. Сепак промени ќе има, во бодовното салдо, со оглед дека од 17 часот стартува дербито меѓу Вардар и Силекс.
Натпреварот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.




























