Со двата натпревари што ќе се играат денеска во Скопје и Струмица ќе биде комплетирано 11.коло во ПМФЛ.

Дерби дуелот ќе се игра на арената „Тодор Проевски“ во Скопје. Таму, под рефлектори, на теренот ќе истрчаат фудбалерите на Вардар и Силекс.

Во овој натпревар, екипите кои се меѓу четирите конкуренти за шампионскиот трофеј, влегуваат од втората и третата позиција на табела. Вардарци се досега единствената екипа која ја нема почувствувано горчината на поразот. Во мечот црвено-црните влегуваат мотивирано по победата во понеделникот против шампионот Шкендија на гостински терен.

Силекс пак кој по трите врзани порази, успеа да слави на последните два натпревари, е единствениот тим кој досега нема одиграно нерешено. И кратовци во денешниот дуел влегуваат со свои „математики“, првенствено да останат не поразени.

натпреварот меѓу Вардар и Силекс ќе полне од 17 часот, а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ, како и првиот меч во Струмица.

Таму домашната екипа на АП Брера ќе го пречека шампионот Шкендија. За тетовци овој меч доаѓа во незгоден момент. Избраниците на Беќири на последните два меча не успеаја да слават победа. Воедно, Беќири ќе мора да размислува како да ги сочува силите за пристојниот европски предизвик против Јагелонија во четврток (6 ноември).

Струмичани од друга страна ги консолидираа редовите по лошиот старт. Тимот на АП Брера не знае за пораз на последните четири натпревари, на кои победи на три.

Овој натпревар ќе стартува во терминот од 13.30 часот.

Следете нé на социјалните мрежи