Машката ракометна репрезентација на Македонија ја започна ЕХФ неделата со победа во двомечот против селекцијата на Јапонија.
Првиот контролен натпревар одигран без присуство на публика македонските ракометари го добија со 29:27.
Втората контролна средба е закажана за сабота (1 ноември), со почеток од 16:00 часот во спортската сала во Куманово. Овојпат натпреварот ќе се одигра пред публика, што ќе биде одлична можност за љубителите на ракометот да ја поддржат нашата селекција.
Пријателските дуели со Јапонците се дел од подготовки за настап на Европското првенство што ќе се одржи во јануари следната година. Селекторот Лазаров преку овие натпревари се стреми да го изгради најдобриот можен состав за континенталниот собир.
 
             
		