Со двата натпревари што ќе се играат попладнево во Ѓорче Петров и Гостивар ќе почне 11.коло во Првата фудбалска лига.
Во Ѓорче Петров петров екипата на Македонија ќе го пречека најпријатното изненадување во досегашниот текот сезоната составот на Башкими. Кумановскиот тим е петто рагиран на табелата веднаш за четворката која се бори за шампионскиот трофеј. ,,Лавовите” од Ѓорче заостануваат пет бодови за денешниот противник и се на 7.место на табелата.
На натпреварот во Гостивар екипата на Арсими ќе биде домаќин на скопски Работнички. Ова е дуел на тимовите кои се во долниот дел од табелата и ќе водат жестока битка за опстанок во елитата. Домашниот состав на Арсим во победничка низа од три натпревари, додека Работнички не знае за триумф веќе на пет дуели.
Двата денешни натпревари ќе стартуваат во терминот 13 часот и 30 минути.
Останатите четири натпревари ќе ќе се играат утре и задутре. По два од нив ќе си играат под рефлектори од 17 часот и тоа дуелот во Битола и дербито во Скопје.
ПМФЛ – 11 КОЛО
Среда
МАКЕДОНИЈА ЃП – БАШКИМИ 13:30 ч.
АРСИМИ – РАБОТНИЧКИ 13:30 ч.
Четврток
ШКУПИ – СТРУГА Т.Л. 13:30 ч.
ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 17:00 ч.
Петок
ВАРДАР – СИЛЕКС 17:00 ч.
АП БРЕРА – ШКЕНДИЈА 13:30 ч.




























